Платформа за настава од далечина

Со моменталната состојба и опасноста од вирусот COVID-19, нашата гимназија се пренасочува кон часови преку Интернет со користење на платформата за настава од далечина. Наставата и учењето ќе се одвива од дома за сите ученици и наставници.

Чекор 1: Изберете ја вашата генерација

При кликање на линкот до вашата генерација ќе бидете пренасочени на платформата OneDrive for Education. Каде што треба да ја внесете лозинката која е доделена од вашиот професор.

Чекор 2: Изберете го вашиот клас

Од листата на папки ја избирате папката на класот во кој припаѓате.

Чекор 3: Изберете го предметот која сакате да го учите

Изберете ја папката на предметот кој сакате да го учите.

Чекор 4: Пристап до материјалите

Во папката на секој од преметите вашите професори ќе ги прикачуваат сите потребни материјали (документи, презентации, слики, видеа). Вие можете да ги прегледувате материјалите или да ги симнете на вашиот компјутер.